Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со државни пари преку НВО ќе се рекламира и ќе поткупува


Иванка Василевска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ преку невладините организации кои ги полни со пари пред избори сака да плаќа владини реклами, да дели поткуп на фирми и граѓани и сето тоа со државни пари преку таканаречениот невладин сектор, обвини денеска на прес-конференција, Иванка Василевска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта директно преку НВО сака да плаќа владини реклами. Ова е класична злоупотреба. За што станува збор? Се работи за вкупно 30.000.000 денари, и како единствен услов за аплицирање е НВО субјектот да е регистриран како невладина организација и да приложи само тековна состојба од Централниот регистар. Тоа е единствената потребна документација што доволно кажува за сомнителниот карактер на огласот и нечесните намери на власта. Откако се истрошија пакетите на семејството Заеви, сега СДСМ ќе купува гласови директно со пари од буџетот“, обвини Василевска.

XS
SM
MD
LG