Достапни линкови

САД во февруари влегоа во рецесија по 128 месеци раст


илустрација

САД во февруари влегоа во рецесија по 128 месеци експанзија, соопштија група економисти во Соединетите држави. "Врвот на месечната економска активност на САД беше во февруари 2020 година. Тој врв го означува крајот на експанзијата што започна во јуни 2009 година, како и почетокот на рецесијата. Експанзијата траеше 128 месеци", соопшти Националното биро за економски истражувања. „Големината на падот на вработеноста и производството е без преседан, а нејзиниот широк дострел врѕ целата економија заслужува да се нарече рецесија, иако излегува дека е пократка од претходните рецесии“, велат од Комитетот.

Конгресот поделен за мерките за помош за коронавирусот

Стапката на невработеност е официјално 13,3 проценти во мај, што е помалку од 14,7 проценти во април, но и двете бројки се повисоки од секој економски пад од Втората светска војна. Од пандемијата што ги зафати Соединетите држави на почетокот на годината досега починаа речиси 110.000 луѓе. Десетици милиони Американци бараат бенефиции за невработеност од март, а БДП падна скоро пет проценти во првиот квартал.

XS
SM
MD
LG