Достапни линкови

Полска затвора 12 рудници поради ширење на коронавирусот


илустрација

Полска денеска ќе затвори 12 рудници за јаглен за да го запре ширењето на коронавирусот меѓу рударите. Оваа мерка вчера ја најави вицепремиерот Јацек Сасин. Полска објави брз раст на бројот на случаи на коронавирус кај рударите, при што регионот на југот на земјата бележи најголем број на инфекции. Во моментов рударите за јаглен опфаќаат скоро 20% од сите случаи на коронавирус во Полска.

Варшава се надева дел од американските сили во Германија да дојдат во Полска

Сасин додаде дека рударите ќе примаат сто насто од платата околу три недели и дека не постои закана за испораките на јаглен. Во Полска до вчера имаше пријавено вкупно 2.770 случаи на коронавирус.

XS
SM
MD
LG