Достапни линкови

Гугл Мапс ќе дава информации поврзани со коронавирусот


Илустрација

Гугл Мапс наскоро ќе им понуди на своите корисници дополнителни информации со кои ќе им помогне подобро да се организираат во време на коронавирусот, вклучувајќи и информации за гужвите во јавниот транспорт или, пак, за рестрикциите и промените во регулативата.

Во соопштението објавено денеска компанијата наведува дека ќе ја понуди услугата во 14 земји во Европа, Латинска Америка, Индија и САД, а потоа ќе вклучува и други држави.

Некои од информации кои ќе ги дава сервисот ќе бидат поврзани и со нивото на гужви во возовите и автобусите, потоа промените на возниот ред и правилата, како на пример каде е обврзувачки да се носи маска. На мапите ќе се предупредуваат и возачите кога нивната рута вклучува преминување на граница и ќе се даваат известувања што е потребно за да се премине границата, или пак дали таа е затворена.

XS
SM
MD
LG