Достапни линкови

Втор случај на Ковид-19 во Дебар, кафулињата полни, гостите без маски


Ментор Мела, епидемиолог од Дебар

За четири дена во општина Дебар евидентиран е втор случај на позитивен на коронавирус. Претходно 48 дена немаше болни во градот. Раководителот на единицата за јавно здравје во Дебар епидемилогот Ментор Мела за Радио Слободна Европа вели дека има опасност од коронавирусот да се прошири и поради тоа што многу дебарчани кои седат во кафулињата не носат маски.

Во однос на ново потврдениот случај во градот Мела вели дека станува збор за жител на Дебар и дека проблем било тоа што нема информации каде точно се заболил бидејќи често патувал и во други градови.

Инаку ова е втор случај на заболен. Во петокот позитивна на коронавирусот беше и жена од селото Долно Косоврасти. Вкупниот број на болни од Ковод 19 од почетокот на март изнесува сега 53. Инаку, во општините Дебар и Центар Жупа каде беа евидентирани првите заболени лица од коронавирус во нашава земја, на 13 март беше прогласена кризна состојба.

XS
SM
MD
LG