Достапни линкови

Ардерн: Во Нов Зеланд веќе нема заразени со коронавирус


Џакинда Ардерн

Новозеландската премиерка, Џакинда Ардерн, денеска соопшти дека Нов Зеланд веќе нема заразени со коронавирус и ќе ги укине сите мерки, освен оние на границите, јави АП.

„Јавните и приватни настани ќе можат повторно да се одржуваат, а продавниците, угостителството и целиот јавен превоз ќе може да работи без мерки за физичко дистанцирање, кои се се уште на сила во поголем дел од земјата. И покрај тоа што ситуацијата е побезбедна и подобра, се уште го нема лесниот пат во животот од пред ковид-19, но одлучноста и фокусот на здравствениот одговор сега ќе се насочи во економска обнова“, изјави Ардерн.

Нов Зеланд прогласи карантин на 25 март и од 1.504 потврдени случаи, починаа 22 лица..

XS
SM
MD
LG