Достапни линкови

Чулев за „Боемска“: Ако треба - одговорност ќе има


Наќе Чулев

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска изјави дека снимките од кафеаната на „Боемска“ каде беше фатен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како спротивно на протоколите седи во затворениот дел, сè уште се анализираат, но дека без разлика за кого станува збор, „ако треба - одговорност ќе има“.

„До секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика стигнат е дивиарот заедно со дискот и во моментов се врши анализа. Како што бев информиран во најкраток период ќе се излезе со вештачењето, со анализа на видео материјалот, и јавноста ќе биде информирана јавноста“, рече Чулев додавајќи дека врз основа на тој материјал ќе се утврди дали има одговорност и за други лица освен за кафеаната.

Со Мицкоски во кафеаната бил и поранешниот директор на УБК, Љупчо Андоновски кој сега му е советник на Чулев, кој тоа вчера го потврди за ТВ24.

„Без разлика дали е функционер, припадник на МВР или политичар ќе се преземат мерки и ако има основ ќе се поднесат соодветни пријави“, изјави Чулев на денешната прес-конференција.

На 3 јуни раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје Мери Продановска соопшти дека инспектори биле спречени да извршат контрола во угостителски објект на „Боемската улица“ во скопско Дебар Маало, како и дека додека инспекторите чекале да влезат, од објектот излегол претседател на политичка партија. Неколку часа по изјавата на инспекторката, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, призна дека бил во кафеаната затоа што не ги знаел добро протоколите.

XS
SM
MD
LG