Достапни линкови

Одлуката на САД за повлекување на трупите од Германија „неприфатлива“


Американскиот претседател Доналд Трамп ги поздравува членовите на американската војска во воздушната база Рамштајн во Германија, на 27 декември 2018 година.

Германскиот координатор за трансатлантски врски Питер Бејер ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување илјадници војници од Германија. Трамп и наредил на американската војска да повлече 9.500 војници од Германија, изјави во петокот висок американски претставник. „Ова е целосно неприфатливо, особено затоа што никој во Вашингтон не размислувал однапред да ја извести својата сојузничка, Германија“, изјави Бејер, член на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, за весникот „Рајниш Пост“.

Столтенберг за најавеното повлекување на војниците на САД од Германија

По одлуката на Трамп, германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, рече дека жали за планираното повлекување на американските војници од Германија, опишувајќи го односот на Берлин со Соединетите држави како „комплициран“.

XS
SM
MD
LG