Достапни линкови

МВР: Протокол за влез во државата за време на 80-часовниот карантин


Илустрација

Граѓаните што ќе влезат во државава за време на 80-часовниот карантин, ќе треба да го почитуваат воспоставениот протокол, соопшти МВР и додава дека движењето граѓаните треба да го пријават на бројот 192.

„Граѓаните што ќе влезат во државата со валиден и негативен PCR тест, ќе може да се превземат од граничните премини, при што лицата што ќе ги превземат претходно ќе треба да го пријават тоа на тел бр. 192 каде што ќе ги остават бараните податоци. Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата (со валидна документација, т.е авионски билети), односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават на бројот 192“, соопшти МВР.

Во земјава е во тек полициски час кој започна синоќа во 21 часот. Тој беше повторно воведен со цел да се спречи нов бран на ширење на коронавирусот. Ограничувањето на движењето ќе важи до понеделник во 5 часот, а се однесува на сите 10 општини на град Скопје и на пет предградија, Кумановско-липковскиот регион, Тетово со пет околни општини и Штип, каде што живеат вкупно околу две третини од населението во земјава. Според министерот за здравство Венко Филипче, ова се локации каде што вирусот се шири брзо, најчесто заради непочитување на превентивните мерки за заштита од ковид-9.

XS
SM
MD
LG