Достапни линкови

Дачиќ во официјална посета на Атина на 12 јуни


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ќе престојува во официјална посета на Атина на 12 јуни, на разговори за билатерални и регионални прашања со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас, како и за надминување на последиците од пандемијата „ковид-19“. Министерството за надворешни работи соопшти дека Дачиќ се сретнал со грчкиот амбасадор во Белград Јоргос Диакофотакис.

Во Грција од 15 јуни без тестирање

Соговорниците оценија дека двете држави успеале значително да ги ублажат последиците од пандемијата „ковид-19“ со навремени мерки и одлучувачка политика и оти српските туристи ќе летуваат во Грција и оваа година.

XS
SM
MD
LG