Достапни линкови

Сенатот го одобри кандидатот на Трамп за шеф на американската агенција за глобални медиуми


Американскиот Сенат

Американскиот Сенат го потврди кандидатот на претседателот Доналд Трамп за раководење со федералната Агенција за надгледување на медиуми кои се финансирани од даноци, вклучувајќи ги Гласот на Америка и Радио Слободна Европа. Сенатот гласаше 53-38, за номинацијата на Мајкл Пак да стане главен извршен директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ). Само еден демократ, сенаторот Џо Манчин од Западна Вирџинија, гласаше со републиканското мнозинство во Сенатот. Претседателот на Радио Слободна Европа Џејми Флај ја поздрави потврдата на Пак. „Со нетрпение очекувам да работам со Мајкл Пак за да продолжам да ја унапредуваме мисијата на РСЕ за обезбедување независно, објективно новинарство за нашата публика низ Евроазија“, изјави Флај, додавајќи: „Како и во последните 70 години, РСЕ ќе продолжи да дава нецензурирани информации, на секоја платформа, преку сите граници“. Гласањето во Сенатот доаѓа две години откако Трамп го номинираше Пак за мандат од три години.

Трамп сака Белата куќа да има своја мрежа за вести

Акцијата за номинација делумно заостана поради загриженоста од демократите дека Пак ќе се обиде да наметне политичка пристрасност во агенциите на УСАГМ, кои според законот се овластени да бидат објективни и избалансирани. Овие грижи беа засилени бидејќи Трамп остро ја критикуваше уредничката политика на Гласот на Америка и нејзиното покривање на справувањето со пандемијата на коронавирус во Кина. „Честитки до Мајкл Пак!“ напиша на Твитер претседателот Трамп, наведувајќи: „Никој нема идеја каква голема победа е оваа за Америка. Зошто? Затоа што тој ќе го води ГЛАСОТ НА АМЕРИКА и сè што е поврзано со тоа “.

XS
SM
MD
LG