Достапни линкови

Почна полицискиот час


Полициски час во Скопје

Почна полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Забраната за движење на граѓаните во овие општини ќе трае 80 часа, односно до понеделник до 05 часот.

Во сите останати градови во земјава забраната за движење, која почна во 21 часот ќе важи до 05 часот утре наутро. Забрана за движење во петок, сабота и недела ќе почнува во 16 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

Поради претстојниот празник Задушница и Духовден забрана е воведена и за посета на гробиштата на целата територија на државата и тоа од вечерва од 21 часот до понеделник до 05 часот.

Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08:00 до 08:30, 15:00 до 15:30 и 20:00 до 20:30 часот.

XS
SM
MD
LG