Достапни линкови

„Виз Ер“ нема да има летови до и од земјава до 14 јуни


Ниско-буџетната авиокомпанија „Виз Ер“ најави дека ќе ја продолжи суспензијата на сите летови до земјава до 14 јуни. Суспензијата, како што наведуваат во соопштението, е резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до С. Македонија.

Компанијата ќе им ги врати парите на патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови. А има и опција 120 проценти од целата сума да им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката и тие пати ќе може да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Виз Ер“.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

XS
SM
MD
LG