Достапни линкови

Апсења по излевање на нафта под Арктикот


Излеаната нафта од тероцентралата во Русија.

Уапсен е шефот на термоцентралата во Русија од која истече дизел гориво во локалните реки во арктичкиот предел, заканувајќи се со еколошка катастрофа. Во сибирскиот град Норилск најмалку 20.000 тони дизел гориво се истури од термоцентралата на 29 мај во близина на градот, над Арктичкиот круг. Руските власти соопштија дека на шефот на термоцентралата Вјачеслав Старостин, му е одреден притвор до 31 јули. Тој е обвинет за кршење на законите за заштита на животната средина, како и за небрежност.

Претседателот на Русија Владимир Путин нареди да се проглас вонредна состојба да се справи со последиците од излевањето на нафтата.

Гринпис Русија соопшти дека несреќата е „прва несреќа од таков обем на Арктикот“.

XS
SM
MD
LG