Достапни линкови

ЕЦБ очекува пад на економијата во еврозоната од 8,7 отсто во 2020


Економијата на 19 земји од еврозоната, според проценките, оваа година ќе се намали за 8,7 отсто, како последица на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Банката наведува дека очекува економијата да се опорави во 2021 година, кога еврозоната треба да забележи раст од 5,2 отсто и 3,3 отсто во 2022 година, пренесува Асошиејтед прес.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во видео обраќање до новинарите, рече дека „брзината и обемот на опоравувањето се крајно неизвесни“.

Таа рече дека траењето на економскиот пат и опоравувањето ќе зависат од траењето и ефикасноста на мерките за изолација, политиките на поттикнување и поддршката на вработеноста, како и од „трајното влијание“ на пандемијата врз побарувачката, пренесува Франс прес.

Таа ова го изјави по видео состанокот на раководството на банката, на кој било одлучено ЕЦБ речиси да ја удвои програмата за итна помош за ублажување на последиците од пандемијата со дополнителни 600 милијарди евра на вкупно 1350 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG