Достапни линкови

„Кристобал“ му се заканува на Мексико


Илустрација - Архивска фотографија од една од големите поплави во Мексико предизвикани од тропските бури

Тропската бура Кристобал предизвика поројни дождови и големи поплави во некои делови на Мексико, но според прогнозите би можела до вечерва да премине во „тропска депресија“, соопшти американскиот Центар за урагани. Бурата Кристобал, со брзина на ветрот од 75 километри на час, го погодила брегот на Мексико 35 километри од Сијудад дел Кармен.

Според американскиот Центар за урагани, се очекува бурата повторно да зајакне утре изутрина. Мексиканската војска евакуирала 138 лица во градот Кампече поради поплавите кои претставувале опасност за домовите, а полицијата предупреди дека патиштата се поплавени.

Препорачано

XS
SM
MD
LG