Достапни линкови

Филипче: До крајот на неделава очекуваме подобра слика со Ковид-19


Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека прогнозите се дека ќе имаме поинаква многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во земјава до крајот на оваа недела.

„Но, ова го кажувам повторно со резерва заради тоа што ќе правиме анализи секој ден. Мора да сфатиме дека сите сме одговорни пред ова“, рече Филипче.

Тој појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат - бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати.

„Но, одлуките и препораките ги носиме врз основа на две работи – прво тие бројки кои секојдневно се анализираат и деталната анализа на епидемиолошките анкети од каде учиме кои се податоци што пациентите ги даваат за начинот на трансмисија, меѓутоа и пресеците во претходните две недели секоја последователно“, рече Филипче и додаде дека вирусот е тука, тој нема да исчезне, и мора да научиме да живееме со него.

Во последното деноноќие се регистрирани 120 новозаразени со коронавирус и двајца починати пациенти.

Препорачано

XS
SM
MD
LG