Достапни линкови

Владата прецизираше каде сѐ важи полицискиот час


Илустрација - Фотографија од последниот викенд-полициски час во Скопје

Владата денеска појасни дека дека од вечерва во 21 часот почнува полицискиот час не само за жителите на сите скопски општини, туку и за околните скопски општини кои се под Скопје, односно Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани. Истото ограничување на движењето какоантокорона мерка важи и за жителите на Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до 5 јуни до 5 часот наутро, а во петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 5 часот наутро. 5 јуни е неработен ден за сите граѓани.

Во периодот од 4 јуни од 21 часот до 8 јуни до 5 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Отстапките од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

XS
SM
MD
LG