Достапни линкови

Без јавен градски превоз во Скопје за време на полицискиот час


ЈСП Скопје информира дека од денеска од 21 часот, па до понеделник до 5 часот, додека трае полицискиот час во градот, јавниот превоз во градот нема да функционира. Оттаму посочуваат дека времениот прекин е согласно одлуката на Влада на Република Северна Македонија за забрана на движење на населението во посочениот период на територијата на Скопје.

Денеска јавниот превоз денеска ќе функционира до 21 часот.

„Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред“, соопшти ЈСП.

XS
SM
MD
LG