Достапни линкови

Скопје, Штип, Куманово и Тетово од вечер во карантин


Угостителски објекти во Скопје во пандемија

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и донесе одлука за ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен празничен викенд, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Полициски час од денеска во 21 часот до понеделник до 5 часот наутро ќе има во Скопје – сите скопски општини, во Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Половина држава во карантин, нема одење на гробишта за Задушница

Во сите останати градови полицискиот час да трае од денеска во 21 часот до петок до 5 часот наутро, додека во останатите денови да почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро. Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број ново дијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава во изминатите денови.

XS
SM
MD
LG