Достапни линкови

Франција дозволи екстрадиција на осомничен за геноцидот во Руанда


Апелациониот суд во Париз денеска одлучи Фелициен Кабуга, осомничен за геноцидот во Руанда, да му биде испорачан на Меѓународниот суд.

Обвинителите на ОН го обвинуваат Кабуга за финансирање и вооружување на етничките Хуту милиции кои убија околу 800 илјади Тутси и умерени Хуту за 100 дена во Руанда во 1994 година.

Тој се соочува со обвиненија за геноцид и прогон.

Неговите адвокати бараа на 84-годишниот Кабуга да му се суди во Франција, поради неговата поодмината возраст, слабото здравје и наводната пристрасност на меѓународните судови.

Судија во Хаг минатиот месец пресуди дека на Кабуга треба да му се суди во Аруша, танзанија, според Механизмот на Меѓународните кривични судови на ОН. Судот е со седиште во хаг, но има и свој огранок во Аруша.

По одлуката на Апелациониот суд, адвокатите на Кабуга рекоа дека ќе се жалат пред Врховниот суд.

Кабуга беше во бегство над 20 години, сè до минатиот месец кога француската полиција го уапси во париско предградие каде што живеел под лажно име.

XS
SM
MD
LG