Достапни линкови

Османи: Нацрт - преговарачката рамка на 9 или 10 јуни


Бујар Османи

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, денеска во штип изјави дека преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите. Тој нагласи дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на Преговарачката рамка.

Вицепремиерот доддаде дека откако Европската комисија ќе ја објави нацрт верзијата на Преговарачката рамка, земјите членки ќе ги изнесат свои национални позиции и на крајот се обидуваат да дојдат до консензус.

„Очекувам и се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален, по однос на позициите на различните земји членки, туку повеќе ќе се заснова на принципите на функционирање на ЕУ. Очекувам дека откако ќе се објави, секоја земја, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе се обиде да ја наметне својата национална позиција. Но, се координираме, ние си ги утврдивме нашите државнипозиции, за тоа што би сакале и која е најдобрата верзија. Како држава кандидат не сме во позиција да влијаеме на преговарачката рамка, но ќе лобираме и ќе работиме“, рече Османи.

XS
SM
MD
LG