Достапни линкови

Заврши скринингот во Вухан, 11 милиони тестирани


Кинескиот град Вухан го заврши масовното тестирање на сите речиси 11 милиони жители за евентуално присуство на коронавирусот во нивните тела. Во тестирањата се откриени 300 асимптоматски вектори и нема активни случаи на Ковид 19. Овие 300 лица, кои немаат симптоми на инфекцијата, биле испратени во изолација.

Пандемијата на коронаравирусот се верува дека потекнува од Вухан, град што потоа беше во карантин 76 дена и во кој беа регистрирани околу 50.000 заразени. Тестирањето беше спроведено во втората половина на мај и го опфати секој жител на градот кој веќе не бил тестиран. Не се тестираа само децата под шестгодишна возраст, пренесуваат британските медиуми.

XS
SM
MD
LG