Достапни линкови

Османи: Нема друг датум за избори освен 5 јули


Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека нема друг датум освен 5 јули за одржување на предвремените парламентарни избори, посочувајќи дека такви се роковите. „Ставот го кажавме, нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите, и законски и логични и какви било. Јас очекувам да постигнеме договор за 5 јули, за да ги вратиме институциите. Меѓутоа кога би ставил пак „на вага“ еден да заболи од изборниот процес, па макар и асимптоматски да биде, дали вреди сето тоа. Така што еве во овие две недели да ги следиме трендовите“, нагласи Османи во интервју на телевизија Телма.

Мицкоски: Како граѓанин велам - прво пандемијата, па избори

Тој истакна дека последната воведена двонеделна вонредна состојба им помогнала како Влада да работат помалку под притисок на роковите и да се фокусираат на здравствената состојба во овој период, а во меѓувреме да продолжат да разговараат со политичките партии.

XS
SM
MD
LG