Достапни линкови

Војници од 19 земји на Парада на победата во Москва


илустрација

Русија покани војници од 19 земји да учествуваат во Парадата на победата на Црвениот плоштад, изјави денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Тој на прес-конференцијата во Москва соопшти дека 64.000 луѓе ќе учествуваат на победничките паради во Русија, што ќе се одржат на 24 јуни, а 14.000 лица на парадата на Црвениот плоштад. Шојгу додаде дека на парадата во Москва ќе бидат прикажани 225 единици оружје, воена и специјална опрема, а ќе учествуваат и 75 авиони.

„Посетителите ќе можат да видат повеќе од 20 нови модели на воена опрема, вклучувајќи ги и авионите су-57 и миг-31К“, изјави министерот Шојгу.

Во Русија, вкупно 1.850 парчиња опрема и 511 авиони ќе бидат прикажани на победничките паради во девет града херои и 19 градови во кои се распоредени седишта на воените окрузи и морнарицата.

XS
SM
MD
LG