Достапни линкови

ДПИ предлага олеснување на протоколот за угостителски објекти


Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, денеска информираше дека ДПИ до Комисијата за заразни болести и до Владата предложиле олеснување на прописите од протоколот за работа на угостителските објекти.

„Во изминатиот период во неколку наврати имавме состаноци да ги разјасниме протоколите онаму каде што можеме да се поправат. За таа цел испративме предлози за измени до Комисијата и до Владата, но повеќе не можеме да кажеме за тоа кои се тие предлози“, рече Пауновски.

Во меѓувреме сопствениците на кафулињата и на рестораните реагираа дека имаат проблеми со прописите во однос на површината, односно капацитетот на работење и на идентификувањето на посетителите на локалите.

„Не сакаме повторно да прибегнуваме кон затворање на оние кои не ги почитуваат протоколите. Ова е оред се за заштита на организаторите на самото угостителство, а и за посетителите. Не се баук тие мерки да не можат да се применуваат“, додаде Пауновски.

Досега во угостителството откако од четвртокот започна повторно со работа оваа дејност поднесени се 21 кривична пријава и пет се во фаза на постапка.

XS
SM
MD
LG