Достапни линкови

Телефонски разговор Трамп-Путин


Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин

Претседателот на САД Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да му каже за неговиот предлог за проширениот самит на Г7 во кој ќе биде вклучена и Русија, соопшти Кремљ. Среде пандемијата на коронавирус, Трамп минатата недела рече дека ќе го одложи до есента состанокот на водечките индустријализирани нации што планираше да го одржи следниот месец. На самитот треба да учествуваат и Русија, Австралија, Јужна Кореја и Индија.

Меркел ја одби поканата на Трамп за учество на Г7 во Вашингтон

Кремљ соопшти дека Трамп му кажал на Путин за неговата идеја, но не понуди детали за дискусијата или дали рускиот лидер ја прифатил поканата. Русија беше членка на групата неколку години, но беше исклучена од клубот поради своите активности во Украина. Трамп верува оти би било соодветно да ја има Русија во групата „затоа што многу работи за кои зборуваме, имаат врска со Русија“.

XS
SM
MD
LG