Достапни линкови

СДСМ: Избори на есен е опасно и за здравјето и за економијата


Секој термин за избори кој ќе навлезе во летниот период, ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе го спротивстави со правото на одмор, затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови, соопшти денеска владејачкиот СДСМ

„Изборите по сила на закон се на истекот на 22 дена по завршување на вонредната состојба, а тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули – било какво пролонгирање не е можно, ниту од правен ниту од праведен аспект“, се вели во партиското соопштение.

Во СДСМ сметаат дека избори на есен се опасна идеја и за здравството и за економијата.

„Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со Ковид-19. Изборите се поважни за здравјето на граѓаните и од кафеаните, и од спортските натпревари, и од славите и веселбите. Ако можеме да ги правиме овие, сигурно можеме да одиме на избори, бидејќи тие се целосно безбедни за здравјето на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

XS
SM
MD
LG