Достапни линкови

Продолжуваат завршните зборови за „Рекет“


Бојан Јовановски - Боки 13 и Катица Јанева во судница за „Рекет“

Со завршни зборови на одбраната, во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува рочиштето за предметот „Рекет“. Завршни зборови треба да дадат адвокатите на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета во „Рекет“, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев да добие поблаги мерки во истражната постапка.

По завршните зборови, Судот треба да одреди датум за изрекување на пресудата.

XS
SM
MD
LG