Достапни линкови

Касами - Изборниот процес треба да продолжи


Лидерот на БЕСА, Биљал Касами.

Потребно е продолжување на изборниот процес кој беше прекинат во март со политички консензус, бидејќи поради пандемијата и препораките на СЗО состојбата со Ковид -19 ќе потрае, изјави лидерот на Беса Биљал Касами.

Денска во седиштето на движењето Беса во Тетово се одржа координативна средба на кандидатите за пратеници за заедничката предизборна коалиција со СДСМ за изборната единица 6.

„Имајќи предвид дека техничката Влада за организација на изборите го нема целосниот мандат да се справи со кризата, граѓаните го немаат единстевнениот механизам да ги контролираат Владата и Собранието. Ние оценуваме дека што поскоро треба да има избори за граѓаните да имаат свои претставници во Собранието и да ја контролираат Владата“, вели Касами,

Тој додава дека политичка Влада Ако полесно ќе можела се справевме со здравствените и економски последици од кризата.

XS
SM
MD
LG