Достапни линкови

Узурпација на државно земјиште во Дебар за време на епидемијата


Надлежни институции ќе постапуваат поради узурпација на државно земјитште во Дебар за време на пандемијата на коронавирусот.

Надлежните институции во општина Дебар соопштија дека во градот, посебно во последните три месеци, присутна е појавата на узурпација на државно земјитше како и нелегалната изградба на објекти или пак проширување на истите.

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука за РСЕ изјави дека на посебна средба со поретставници на МВР, Јавното обвинителство и надлежните инспекциски служби е оценето дека особено за време на пандемијата има нелегални градби на објекти и проширување на истите, но исто така присутен е и феноменот на узурпација на земјиштето во сопственост на РС Македонија и општина Дебар.

„Се договоримве секој од институциите во својот сектор да превземе активности со цел да се надмине овој проблем“, нагласи Дука.

На средбата е договорено дека е неоходно да има тесна соработка помеѓу локалната самоуправа и институциите, со цел да се сопре оваа незаконсака појава а сторителите да одговараат.

Притоа е оценето дека незакоснките активности особено добиле во интетзитет последните 2 до 3 месеци, искористувајки ја состојбата со вирусот Ковид19.

Надлежните институции според нашиот извор упатиле апел до граѓаните да соработуваат во борбата против овој феномен, а и оние кои направиле правни прекршувања да бидат свесни и да ги почитуваат сите решенија донесени од градежниот инспекторат, во спротивно дека ќе бидат принудени да преземат екстремни мерки, како што се уривање на дивоградби и други санкции поврзани со ова кривично дело.

Надлежните градежни општински инспектори инфомрираат дека узурпација на државно земјите како и нелегални градби има во повеке делови од градот како и на брегот на Дебарското Езеро.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG