Достапни линкови

Џафери - Партиите да постигнат консензус за изборите


Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Собранието Талат Џафери по денешната седница на Советот за безбедност, изјави дека лидерите на партиите имаат доволно време во дополнителните 14 дена вонредна состојба да постигнат консензус за одржувањето на парламентарните избори и доколку тоа не се случи, обврските би требало да ги преземат институциите.

„Апелирам до лидерите ова време да го искористат за комуникација, директна или индиректна. Тоа е нивна надлежност да смогнат сили и највеќе во интерес на граѓаните, во вакви околности да можеме да спроведеме законит издржлив изборен процес, што ќе може да создава соодветни институции. Според правилата, Собранието може да го врати само граѓанинот низ процес на гласање“, рече Џафери.

Тој додаде дека условите за гласање нема да бидат како претходно, но рече дека имајќи ги предвид предвидувањата, сие поединечно, институциите и политички субјекти ќе мора да научат да живеат со оваа појава, за која во светски рамки прогнозата е дека ќе потрае, рече тој.

„И во тој контекст ние не може да ги оставиме институциите во недоглед во нерешена ситуација“, истакна Џафери.

XS
SM
MD
LG