Достапни линкови

Меркел ја одби поканата на Трамп за учество на Г7 во Вашингтон


Архива - германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД Доналд Трамп.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одби поканата од американскиот претседател Доналд Трамп да присуствува на предвидениот самит на Г7 во САД.

„Федералната канцеларка му заблагодарува на претседателот Трамп за неговата покана на самитот на Г7 на крајот на јуни во Вашингтон“, објави американската новинска компанија за политичко новинарство „Политико“ цитирајќи го портпаролот на германската Влада Штефен Сиберт.

„Од денес, со оглед на целокупната состојба на пандемијата, таа не може да се согласи на лично учество на патување во Вашингтон“, вели Сиберт.

Белата куќа на 26 мај соопшти дека претседателот Трамп смета дека нема да има „поголем пример за повторно отворање“ на економијата по рестриктивните мерки поради коронавирусот, од одржувањето на самитот на Г7 во САД, кон крајот на јуни.

XS
SM
MD
LG