Достапни линкови

Пукањето во близина на Киев поврзано со корупција


Украина- полицијата приведува мажи кои се осомничени дека биле вкучени во престрелката во Бровари, 29.05.2020

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков денеска наведе дека пукањето во градот Бровари, кој се наоѓа во близина на главниот град Киев, е поврзано со корупција кај локалните и регионалните власти. На социјалната мрежа Твитер, Аваков напиша дека се приведени десет луѓе, а уште се очекува да бидат уапсени за вклученост во пукањето кое се случи денеска.

"Пукотниците утрово во Бровари се ехо на корупцијата„, напиша Аваков.

Преходно неговиот заменик Антон Херашенко на Фејсбук напиша дека три лица се повредени во престрелката која ја нарече „криминалнo израмнување на сметките“ меѓу бизнисот со транспортниот сервис и локалните власти.

Дел медиуми цитирајќи ја полицијата во Бровари наведуваат дека околу сто луѓе, многу од нив и од други региони на земјата, биле вклучени во ицидентот.

Препорачано

XS
SM
MD
LG