Достапни линкови

Вучиќ: Срамно е да се зборува како Црна Гора ја претстави Србија


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во денешното обраќање до јавноста, зборувајќи за затворањето на црногорските граници за граѓаните на Србија, рече дека е „бесмислено и срамно да се зборува за тоа како тие ја претставиле епидемиолошата ситуација во Србија“.

„Ги казнувате оние кои чесно зборуваат за бројот на заразени? Најдобро е да тестираме сто луѓе, па да немаме ниеден заболен. Ние тестираме по неколку илјади луѓе дневно, а не 30. Се гордееме со тоа деа ги откриваме заразените“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека е јасно дека станува збор за политика, односно дека не е воодушевен, но дека почитува. Вучиќ рече дека не е во контакт со никој од црногорските власти и дека „не знае за што и како би разговарал со нив“.

XS
SM
MD
LG