Достапни линкови

Ќе има рестрикции во места каде ќе расте бројот на заразени


Министерот за здравство, Венко Филипче

Јасно порачувам дека ќе воведеме рестрикции на таргетирани места во согласност на бројот на заболени. Мерките ќе се спроведат доколку наредните денови се зголеми бројот на заразени, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Тој напомена дека дел од граѓаните на кои се вршеле анкетите не давале точни информации и нема соработка со здравствените работници.

„Бројките се единечна варијација, во предвид доаѓаат карантински мерки ако бројот се зголеми во одредени општини бројот на заболени. Во моментов Бутел, Чаир, Сарај и Аеродром се со најголем број заболени лица. Направена е и контрола во Тетово каде е утврдено дека мерките не се почитуваат, воедно и во Штип каде е исто утврдено дека на работното место исто правилата не се почитувале“, изјави Филипче.

Тој додаде дека бара „апсолутно поголема ажурност од МВР и санкции на оние кои не ги почитуваат мерките“.

Министерот додаде дека загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите и давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација.

XS
SM
MD
LG