Достапни линкови

Новозаразени 52, четворица починати и 30 оздравени


Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 30 оздравени пациенти - Во Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1, четворица починати и 52 новозаразени од коронавирус.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај. Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.

Во последното деноноќие се направени 661, а досега во земјата се направени вкупно 27.684 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

XS
SM
MD
LG