Достапни линкови

За 24 часа казнети 440 лица за неносење заштитна маска


МВР соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 440 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето, а за мерката самоизолација евидентиран е еден прекршител.

„На територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 потпишале изјави за самоизолација“, соопшти МВР.

И покрај укинувањето на полицискиот час, кој беше на сила како мерка против ширењето на коронавирусот, во сила остануваат да важат мерките носење заштитна маска, држење физичка дистанца и честа дезинфекција. Паричната казната за неносење заштитна маска е 20 евра.

XS
SM
MD
LG