Достапни линкови

Нетанјаху: по анексијата на долината Јордан, Палестинците во енклави


Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Палестинците во долината Јордан нема да станат државјани на Израел по анексијата на Израел на делови од Западниот Брег. Градовите и селата во областа со околу 65.000 Палестинци ќе останат. "Тоа ќе бидат палестински енклави под израелска безбедносна контрола”, изјави Нетанјаху. Претходно, тој објави дека ќе ја анектира долината на реката Јордан и сите еврејски населби на окупираниот Западен Брег во согласност со „Мировниот план за Блискиот исток“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој процес би можел да започне уште на 1 јули, рече Нетанјаху.

Нетанјаху: Време е за анексија на делови од Западниот Брег

Анексијата на овие области практично ќе спречи создавање одржлива палестинска држава заедно со Израел, иако ова се смета за единствен начин за решавање на повеќедеценискиот конфликт меѓу двете нации. Палестинците на Западниот Брег живеат под израелската воена власт уште од војната во 1967 година, кога Израел ја освои територијата заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа.

XS
SM
MD
LG