Достапни линкови

Германија се закани со санкции поради хакерски напад


Германското министерството за надворешни работи се закани со санкции против „оние кои се одговорни “ за хакерскиот напад во 2015 година врз германскиот Бундестаг, вклучувајќи го и рускиот државјанин Дмитриј Бадин, во период кога се интензивира дипломатскиот спор меѓу двете земји.Германските обвинители издадоа налог за приведување на Бадин, посочувајќи дека тој е обвинет за хакерскиот напад, и дека поседуваат докази дека во периодот кога е извршен нападот, тој работел како руски разузнавач.Против Бадин е издаден и налог за приведување од американските безбедносни служби, водејќи го како осомничен членување во хакерската група позната како АПТ28.

„ Рускиот амбасадор беше известен дека врз основа на налог за приведување на рускиот државјанин Дмитриј Баден издаден од германското обвинителство, германската влада ќе бара во Брисел да се вклучи режимот на ЕУ за сајбер санкции против одговорните за нападот врз германскиот Парламент, вклучувајќи го и господинот Бадин“ се вели во соопштението на Министерството.

Претходно германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека постои „ силен доказ“ за вмешаност на руски сили во сајбер нападот врз германскиот Бундестаг во 2015 година, при што биле украдени и значајни документи.

XS
SM
MD
LG