Достапни линкови

Опцијата за нова вонредна состојба ќе се разгледува в сабота


архивска фотографија од седницата на Советот за безбедност,

Советот за безбедност в сабота напладне во претседателската вила Водно ќе заседава и се очекува да донесе одлука за евентуалното продолжување или прекинување на вонредната состојба. Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека Советот за безбедност ќе ја разгледува опцијата за прогласување на нова вонредна состојба в сабота, на еден ден пред да истече рокот од претходната прогласена 14 дневна вонредна состојба.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски претходно изјави дека се прават проценки дали ќе биде побарана нова вонредна состојба, поради потребата од спроведување на одредени економски мерки, но нагласува дека по нејзиното завршување, според Уставот и законите, треба да продолжат изборните дејствија кои беа прекинати поради пандемијата, и во рок од 22 дена да се одржата парламентарните избори.

Од 18 март досега претседателот Пендаровски донесе три одлуки за прогласување вонредна состојба. Првите две имаа важност од по 30 дена, а последната од 14 дена.

XS
SM
MD
LG