Достапни линкови

Спасовски: Избори 60 дена од распуштање на Собранието


Уставот е јасен дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори. Компромис со Уставот нема, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

„Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, по 22 дена ќе се одржат изборите“, рече Спасовски.

Според него, Владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе има прогласување нова трета вонредна состојба која, како што рече, е потребна пред сé за спроведување на економските мерки.

„Јас очекувам дека сите ќе бидат доволно разумни, политички мудри да разберат дека овие парламентарни избори треба да се одржат во моменти кога тоа е можно и врз основа на Уставот и законот и врз основа на оваа здравствена криза“, нагласи Спасовски.

XS
SM
MD
LG