Достапни линкови

Трамп ќе потпише декрет за социјалните медиуми


илустрација

Од Белата куќа е соопштено дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршен налог за компаниите за социјални медиуми, но без да бидат наведени дополнителни детали. Според оценките тоа дополнително ќе ј ескалира тековната расправија на Трамп со Твитер. Вчера Трамп се закани дека ќе го затвори Твитер обвинувајќи ја платформата за „замолчување на гласовите на конзервативците“.

Твитер обележа два твита на Трамп за “неосновани”

Неговиот најнов спор со Твитер доаѓа откако платформата за прв пат во вторникот стави ознака за дополнителна проверка на неговите твитови. Трамп на своите над 80 милиони следбеници на Твитер им објави дека на гласањето по пошта може да дојде до измами. "Луѓето ги крадат гласачките ливчиња од поштенски сандачиња. Луѓето ги печатат, а потоа ги потпишуваат и ги даваат за да бројат повторно“, напиша Трамп.

XS
SM
MD
LG