Достапни линкови

Самоопределување со нова „проба за протест“ во Приштина


Албин Курти

Движењето Самоопределување најави дека денеска ќе одржи нова, втора по ред, „проба за протест“ во центарот на главниот град на Косово, на која се очекува да учествуваат околу пет илјади нејзини активисти и следбеници. Според јавниот повик на партијата на вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти, „перформансот“ ќе се одржи од 17 до 19 часот на плоштадите „Скендербег“, „Ибрахим Ругова“ и „Адем Јашари“ во пешачката зона во центарот на Приштина.

Партијата на Курти изврши „проба за протести“ во Приштина​

Новата проба за протест се одржува во пресрет на одлуката која треба да ја донесе Уставниот суд на Косово најдоцна до 29 мај, во врска со барањето на Самоопределување за оценка на уставноста на доделувањето на мандатот од страна на претседателот на државата Хашим Тачи на второрангираната партија на последните парламентарни избори, Демократскиот сојуз на Косово.

Тачи: Курти ја узурпира премиерската канцеларија

Самоопределување смета дека нова влада не може да се формира од постојниот парламентарен состав, туку треба да се организираат нови избори. Од денеска во Косово стапуваат на сила нови, олеснети мерки во врска со пандемијата на ковид-19, со кои, меѓу другото, ќе нема ограничување на движењето на граѓаните од 7 до 21 часот.

XS
SM
MD
LG