Достапни линкови

Апелација ја продолжува јавната расправа за пресудите за „27 април“


Судење за насилствата во Собранието на 27 април 2017.

Во Апелацискиот суд ја продолжува јавната расправа за жалбите за пресудите за случувањата во Собранието на 27 април. На вчерашниот почетокот на судењето дел од одбраната побара да бидат изземени судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска.

Одбраната на осудените за „27 април“ побара изземање на 3 судии

Адвокатот Звонко Давидовиќ рече дека законот е многу јасен и во него стои дека ако судија во истиот суд решава и донел одлука што може да се побива со жалба, во тој случај не може да биде судија во предметот. Апелацискиот суд одлучи да не го прифати барањето за изземање.

XS
SM
MD
LG