Достапни линкови

Лица во карантин во охридски хотел излегувале и недолично се однесувале


Охрид

СВР Охрид поднесе десет кривични пријави против лица од повеќе места од земјава осомничени за кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

„Додека биле сместени во карантин во хотел, пријавените во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници“, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Пријави се поднесени против жители на општина Липково, Скопје, Арачиново, Струга, Тетово, Крушево и на Кичево.

XS
SM
MD
LG