Достапни линкови

Големо невреме во Сибир, двајца загинати


Архивска фотографија: Уништени куќи во невреме во Русија

Двајца луѓе загинаа, а десетици куќи и инфраструктура се уништени во големо невреме во рускиот регион Кемерово во Сибир. Невремето ја зафатило областа доцна синоќа, а двајцата луѓе загинале кога се урнал силос за жито кој бил во изградба. Во селото Константиновка биле уништени 18 од 31-та куќи.

Невремето и поројните дождови траеле неколку часа. Оштетени биле 147 згради, пред се приватни куќи и станови, дваесетина автомобили, а околу 280 дрвја биле откорнати.

Невремето ги погодило и регионите Новосибирск и Томск, десетици илјади луѓе останале без струја, а многу градови биле поплавени.

XS
SM
MD
LG