Достапни линкови

Одземени 5 концесии за минерални суровини кај Лабуништа


Илустрација од протестите против каменоломите кај селото Лабуништа

Владата на последната седница, по предлог на Министерството за економија, донела одлука за еднострано раскинување на пет договори за концесии за неметалични минерални суровини во околината на Лабуништа. Како што информираше министерот за економија, Крешник Бектеши, овие концесии се одземени со цел да се заштити здравјето на локалното население, но и на животната средина во овие региони.

„Жителите на селото Лабуништа продолжија да ги доставуваат барањата за одземање на доделените концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини во близината на селото, до Министерството за економија, укажувајќи и дека настанатата прашина при минирање, експлоатирање, сепарирање и транспорт на минералната суровина значително го нарушува здравјето на жителите на селото“, кажа Бектеши.

Како што информираше министерот, во околината на селото Лабуништа одземени се вкупно 5 концесии за експлоатација, а согласно Законот за минерални суровини и согласно Уредбата врз основа на која се донесени, во случај на едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација по овој основ, концесионерот може да поднесе барање за добивање на нова концесија за експлоатација на минерална суровина на друг локалитет во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на одлуката за едностран раскин на договорот и доколку позитивно се изјаснат сите надлежни институции и општината каде што се наоѓа локалитетот, тогаш концесијата ќе ја добијат директно за експлоатација.

XS
SM
MD
LG