Достапни линкови

Угостителските објекти со тераси ќе работат до 20 часот


Илустрација - Подготовка за отворање на угостителските објекти

Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, а нивното работно време ќе биде до 20 часот, информираше денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките. Имаме протокол кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор“, рече Бектеши.

На вчерашната владина седница беше одлучено од 28 мај со работа да почнат и терасите на кафулињата и рестораните, додека затворениот дел од нив допрва ќе се уредува како ќе функционира. Останува допрва да се одлучи и кога ќе почнат градинките со работа и кога ќе се отворат границите.

XS
SM
MD
LG