Достапни линкови

Полицијата во Хонг Конг со солзавец против демонстрантите


Хонг Конг

Полицијата во Хонг Конг денеска употреби солзавец против демонстрантите собрани пред парламентот на протест против предлог законот за кинеската химна. Ако се донесе, секој што ја навредува кинеската национална химна ќе се соочи со парична казна од 5.237 фунти и со три години затвор.

Реакции за кинескиот закон со кој се загрозува статусот на Хонг Конг

Вооружените полициски сили со камиони однесле стотици демонстранти за време на паузата за ручек во трговската област во градот. Предлог-законот за химната дојде откако Кина најави контроверзен закон за национална безбедност, предизвикувајќи протести во Хонг Конг.

XS
SM
MD
LG